Денеска во општина Прилеп регистрирани се девет нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот.
Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на ковид-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка.
Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час, велат во писмената инфирмација од општина Прилеп. Ка.М.