Американскиот претседател Доналд Трамп јавно изрази фрустрација на Велигден поради изјавата на главниот специјалист за инфективни болести Антонио Фаучи, кој рече дека повеќе животи можеле да се спасат од коронавирусот доколку земјата се затворела порано.
Затоа Трамп ја сподели пораката „време е за отказ – FireFauci“ и ги отфрли критиките за бавниот првичен одговор на пандемијата во која досега починаа повеќе од 22.079 лица во Соединетите Држави и се заразени 557.300 Американци, пренесува „Њујорк тајмс“.
Претседателот Трамп честопати не е задоволен од изјавите на Фаучи, но овојпат тоа го покажа најексплицитно во пораките на Твитер што ја сподели за своите 76,8 милиони следбеници.
– Фаучи сега вели дека Трамп можел да спаси повеќе животи, ако порано ги слушаше медицинските експерти, а истиот тој Фаучи им рече на луѓето на 29 февруари дека не треба да се грижат за коронавирусот – пишува во пораката на поранешниот републиканска кандидатка за Конгрес, Деане Лорин.