Во Србија, потврдени се уште 274 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што значи дека вкупната бројка на досега заразени изнесува 3.380 случаи. Од вчера во оваа земја од ковид-19 починале уште три лица, така што вкупниот број на починати сега е 74.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, на прес-конференција на која немаше новинари рече дека вкупно 441 здравствен работник во Србија се заразени, од кои 228 се хоспитализирани.

Вкупно во болница се 2.436 пациенти, од кои 145 на респиратор.


 

 

Во БиХ 23 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа, во БиХ се пријавени 23 нови случаи на коронавирус, рече Сањин Муса, шеф на Секторот за епидемиологија за јавно здравје.

Тој додаде дека досега се потврдени вкупно 525 случаи во БиХ. „Тестирани се вкупно 5.320 примероци. Од 525 потврдени случаи, 54 проценти се жени, а 46 проценти се мажи. Во изминатите 24 часа, тестирани се 329 лица со 23 нови потврдени случаи. Имаме 29 оздравени лица, а 22 починаа од вирусот“, рече Муса.