Мобилните медицински тимови од денеска почнуваат со тестирање за коронавирус во Скопје, според најавите на министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот истакна и дека за повозрасните кои спаѓаат во ризичната група граѓани брис ќе се зема во домашни услови, во согласност со препораките.
Во главниот град има десетина пунктови за тестирање, а ќе бидат отворени нови пунктови и во другите градови до крајот на неделава.