Меган Маркл доколку потпише договор со „Нетфликс“, би можела да ги следи стапките на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, пишува „Експрес“.
Документарниот филм на Дизни каде што Меган ќе биде наратор, наскоро би можел да биде проследен со ангажман за „Нетфликс“, која веќе е во партнерство со Мишел и Барак Обама, кои се добри пријатели со Меган и Хари.
Познавачот на состојбите во кралското семејство Омид Скоби, во разговор за Еј-би-си њуз кажал дека документарецот на Дизни како проект е навистина одличен за Меган. Тој додава и дека Хари и Меган сега имаат навистина голема шанса да се вклучат многу повеќе во продукција на документарни филмови.
Скоби наведува дека соработката со Меган Маркл можеби ќе биде остварена на сличен начин како кога Обама своевремено потпиша голема зделка со „Нетфликс“.
– Не би ме изненадило ако такво нешто се случи со Сасексите во одреден момент – објаснува Скоби.