Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува 5.690, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.
Во Шпанија се заразени вкупно 72.284 лица, а во петокот бројот на заразени изнесуваше 64.059, пишува „Ројтерс“.
Бројот на заразени со коронавирусот ширум светот се зголеми на 614.884 лица, досега починаа 28.687, а закрепнати се 135.671 лице, покажуваат најновите податоци.