Хари и Меган, со нивниот десетмесечен син Арчи, ќе живеат во изолација близу Холивуд, во согласност со државните мерки за коронавирусот.
Семејството ја напуштило изнајмената куќа во Ванкувер минатата недела и со приватен лет заминала во САД пред да се затвори границата меѓу двете држави, објави „Сан“.
Двојката се пресели само неколку часа откако беше објавено дека Меган ќе биде наратор во документарен филм за „Дизни“, што ќе биде нејзина прва посткралска работа. Филмот под наслов „Слон“, ќе биде достапен за гледање преку стриминг на „Дизни Плас“ од 3 април.
Веста беше објавена од студиото на Твитер, а подоцна потврден и со кратката изјава од Бакингемската палата.
– Хари и Меган ја напуштија Канада засекогаш – изјави извор за „Сан“
Изворот додава дека овој потег е планиран подолго време кога двојката заклучила дека Канада „нема да успее“ и дека сакаат да бидат стационирани во Лос Анџелес.
– Тие имаат голема мрежа за поддршка. Таму се наоѓа нивниот нов тим на холивудски агенти, ПР и бизнис-менаџери. Меган има многу пријатели таму, како и нејзината мајка Дорија.
Двојката на 31 март официјално ќе се повлече од кралските функции и повеќе нема да може да ги користи нивните кралски стилови, ниту да го користи Сасекс Ројал како свој бренд.
Бакингемската палата одби да коментира.