Американски владини претставници во Белата куќа активно разговараат за ставање војници во близина на канадскита граница поради американските безбедносни погранични проблеми околу пандемијата на коронавирус, велат извори за канадската телевизија Глобал Њуз.

Целта на оваа мерка е да им помогне на граничарите патроли во откривање на илегалните преминувања на границата, велат изворите.

Белата куќа се залага за тоа но се уште не е донесена одлука.

Канадскиот премиерот Џастин Трудо ја потврди веста за време на својот дневен брифинг пред новинарите, признавајќи дека се водат разговори.

– Канада и САД имаат најдолга немилитаризирана граница во светот и е од заеднички интереси да остане така – рекол Трудо.

Глобал Њуз побара од Белата куќа да даде коментар за овој предлог, но не доби одговор. Трамп беше прашан за овој предлог за време на неговиот дневен брифинг на работната група за ковид-19.

Предлогот предизвика дипломатска загриженост од обете страни на границата. Бидејќи овој потег би бил привремен, односно сè додека трае пандемијата на коронавирус, некои во Вашингтон се загрижени за канадската реакција и преседанот за испраќање војници на нивните северни и јужни граници, велат извори за Глобал њуз.

Доколку плановите се реализираат, телевизијата дознава дека војниците ќе бидат сместени на околу 30 километри од границата помеѓу службените премини и би се користела сензорска технологија за откривање на илегални премини за кои би ги информале граничните патролни.

Според предложеното сценарио, војниците не би имале овластување за апсење или задржување, велат изворите. Наместо тоа, гранична патрола ќе бидат испратени да ги пресретнуваат илегалните минувачи на границата.