Израел утрово бомбардираше девет „воени објекти“ на групата Хамас во северниот дел на Појасот Газа како одговор палестинските напади со балони-бомби во изминатите денови, соопшти израелската армија.
Борбени авиони нападнале цели на Хамас, меѓу кои два воени објекти и фабрика за производство на муниција, соопшти армијата, без да прецизира дали има жртви.Претходно беа нападнати и две возила кои Палестинците ги користат за пуштање змејови кои предизвикаат пожари на обработливо земјиште по должината на границата.
Змејовите ги користат палестинските демонстранти во протестите што почнаа на 30 март. Од тогаш тие предизвикаа пожари и уништија илјадници хектари обработливо земјиште и трева, соопшти противпожарната бригада.
Од април до сега Палестинците протестираат речиси секоја недела со повици за блокада на крајбрежната енклава и враќање на земја која денес е во рамките на Израел, а им припаѓа на палестинските бегалци кои си заминаа по создавањето на еврејската држава во 1948 година.