Италија стана најтешко погодена нација во Европа со најбрзо ширење на заразата со коронавирус и најголем број случаи во светот и покрај тоа е под строг режим на движење од почетокот на месецов, пренесува „Спутник“.
Лекарите од болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо, Северна Италија, почнаа прибирање средства за финансирање, бидејќи градот се најде во центарот на пандемијата на коронавирус.
Прес-службата на болницата објави видео во кое Стефано Фаџуоли, директор на Гастроентерологија 1 од 2005 година и на Одделот за медицина од 2013 година, ја опишува тешката состојба во која болницата се најде и ги повика луѓето да помагаат колку што можат.
Од почетокот на ширењето на коронавирусот, Италија стана најтешко погодена земја покрај Кина и е на добар пат да ја надмине азиската нација во бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Досега во Италија има околу 35.713 случаи на смртоносната инфекција од вкупно 219.427 низ целиот свет. Во исто време, вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 2.978.
Коментирајќи го високиот број на жртви во Италија, ОН и властите на земјата наведоа голем број причини, вклучително и големиот процент повозрасно население, кое е особено подложно на развој на сериозни компликации од вирусот и фактот дека жртвите имаат барем една дополнителна медицинска состојба, како што се дијабетес, карцином, хипертензија или бубрежни заболувања.