Директорот на граничната полиција во БиХ, Зоран Галиќ, ги осуди незаконските постапки на некои членови на оваа полициска агенција, бидејќи земјата се соочува со големи предизвици на коронавирусот и мигрантската криза и рече дека секоја форма на непрофесионално однесување ќе биде санкционирана.
Реагирајќи на апсењето на полицаецот кој зел пари и дозволил три лица од заразена област да влезат во БиХ, Галиќ истакна дека тој е згрозен од постапките на поединци кои ја срамат оваа полициска агенција, која се соочува со огромни предизвици.
– Срамно и погубно е, особено во овие моменти, да имате неодговорни и непрофесионални лица кои свесно прават катастрофални пропусти – рече Галиќ, пренесе РТРС.
Граничната полиција, вели тој, мора да даде пример за одговорно и совесно дејствување во овие ситуации.