Поранешниот филмски магнат Харви Вајнстин, осуден на 23 години затвор за сексуален напад и силување, бил пренесен во болница откако почувствувал болка во градите, пренесува „Ројтерс“.
 
Американскиот продуцент е осуден на 23 години затвор за кривични дела силување и сексуален напад, одлучи судот на Менхетен, Њујорк.
 
Вајнстин почувствувал болка во градите по изрекувањето на пресудата и бил пренесен од њујоршкиот затвор „Рикерс“ во болница за да биде лекуван од проблеми со срцето, изјави портпаролот на Вајнстин во имејл.
 
Минатата недела, поранешен филмски продуцент беше подложен на вградување стент, јавија неколку американски медиуми.