Поранешниот фудбалер на Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Роналдињо, кој освојуваше трофеи на Светско првенство, на Копа Америка, во Лигата на шампионите, го загуби богатството стекнато во текот на успешната играчка кариера.
Фудбалерот по завршувањето на кариерата во 2015 година на сметката имал околу 90 милиони долари, а денес има шест долари.
Тој беше уапсен во Парагвај (потоа и ослободен) затоа што се востановило дека заедно со со брат му Роберт влегле во државата со лажни патни исправи.
Финансискиот пад на Робер Азиз де Мореира – Роналдињо започнал пред девет години кога од Милано се вратил во Бразил, каде што во Фламенго, а потоа и во Атлетико Минеиро планирал да ја заврши кариерата.
Славниот фудбалер сакал да изгради мост преку реката Гуаиба која ги пресекува неговите два поседи, во близина на Порто Алегре, град јужно од Рио, близу до границата со Уругвај.
Од локалните власти добил дозвола да изгради пешачки мост, но тој направил мост од челик и бетон, широк околу 100 метри.
Стигнала тужба од државата, Роналдињо не сакал да соработува со властите и да плати отштета од околу два милиона евра, па почнало судење кон крајот на 2012. Го загубил.
Одбивал да ја плаќа казната, па во 2016 година со принудна наплата (со камата која вртоглаво растела) тој во еден ден останал без 52 објекти, вили, хотели, а сите банкарски сметки му биле блокирани.
Бразил минатата година му го одзеде и пасошот.