Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, го признал правото на Грција да применува закони на своите граници, соопшти кабинетот на грчкиот премиер.
Според информациите, тие разговарале за мигрантската криза на границите со Турција.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат во среда, на вонреден состанок посветен на одговорот на новиот бран мигранти, кои преку Турција се обидуваат да влезат во Европа.