Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на слободни граѓани dенеска во хотел „Хилтон“ ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.
– Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува. Се обединивме затоа што сакаме Македонија да биде правна држава. Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи. Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран. Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана. Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина. Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено. Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните. Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници. Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот. Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста, срам – соопштија партиите.