Вчера во Полициското одделение Новаци, И.С.(59) од селото Далбеговци пријавил дека во дворното место пронашол стари гранати.
Бил извршен увид и било констатирано дека станува збор за осум неексплодирани артилериски гранати, калибар 75мм од Првата светска војна.
Од МВР информираат дека гранатите се безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.