Јас би почнал онаму каде што претседателот Хоџа заврши, а тоа е кој дел од нивните предлози како Стопанска Комора на Северозападна Македонија ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
– За мене е поважно да предложат политичките партии и методологија којашто ќе можат понатаму и да ја аплицираат откако еве условно ќе добијат поддршка од страна на Стопанската Комора, така што претпоставувам дека ќе имаме политички субјекти кои што 100% ќе ги прифатат тие барања и ќе бидат дел од програмата на тие политички субјекти.
Но, за мене е поважно на кој начин планираат тие политички субјекти тоа да го имплементираат понатаму, имајќи предвид дека лошото искуство од минатото со многу ветувања, многу малку исполнувања на тие ветувања.
Ние имаме поинаков пристап, ние детално ги анализираме, методолошки, емпириски ги докажуваме оние барања кои што можеме веднаш да ги примениме, откако би ја добиле, а ние силно веруваме дека ќе ја добиеме довербата од страна на граѓаните. Оние кои што не можеме поради причини и тоа го објаснуваме зошто и они кои што на подолго рок можеби не во еден мандат на една влада, би можеле да се реализираат.
Мислам дека денеска е од исклучително важно значење не само за граѓаните, туку и за реалниот сектор и за стопанските комори да сето она кое што како политичари, како политички партии го преземаме како обврска и го ветуваме дека ќе го вклучиме во нашите програми потоа и да го испорачаме, затоа што мислам дека помина времето на лажни ветувања, импровизации. Граѓаните се незадоволни, бизнис секторот е генерално незадоволен и како што кажав многу во минатото е ветувано, но за жал многу малку е реализирано и испорачано.
Ние ќе се потрудиме тоа што ќе го преземеме како обврска да биде дел од програмата „Обнова на Македонија“, а понатаму како идна влада да го реализираме.
Ќе има и конкретни датуми и конкретни рокови а ќе има и цена на чинење на тие проекти. Реков дел од проектите ќе бидат реализирани и ќе бидат отпочнати со реализација веднаш во текот на еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ, дел ќе бидат тековни. Така што апсолутно сето она што како обврска ќе си го преземе како една макотрпна работа се обврзуваме и пред граѓаните и пред реалниот сектор, да го испорачаме – порача Мицкоски.