Нашиот дом на некој начин е продолжување на тоа што сме и затоа она што го правиме секојдневно во домот може да го обликува нашето расположение, да влијае на нашата продуктивност, како и на погледот кон животот.
Разбудете се доволно рано – дури и во денови кога не треба да се разбудите рано, не спијте премногу. Поточно, истражувањата покажаа дека во текот на денот се чувствуваме многу подобро, поодморени и полни со енергија ако се разбудиме порано.
Наместете ја облеката пред да излезете од дома – ако алиштата не ги ставате во плакар, туку ги префрлате на некој стол – многу грешите. Ова во никој случај не е навика што ја следат уредните луѓе и оние што сакаат позитивна енергија во нивниот дом. Имено, тие веднаш ја диплат облеката и ја ставаат онаму каде што треба да биде, без разлика дали станува збор за машината за перење или за плакарот.
Направете распоред за сите нешта – многу е важно и ефикасно, особено ако имате проблеми со времето и ништо не постигнувате, да направите распоред за сè она што треба да го завршите тој ден или следните денови. Без разлика дали станува збор за нерешени задачи, подготовка за патување, шопинг, состаноци или домаќинство, едно е сигурно – таквиот распоред сигурно ќе ви помогне да се чувствувате подобро.