Со отстранувањето на фотографијата на која се прикажани Меган и Хари од палатата Кенсингтон, кралскиот двор дава јасен знак за разделбата на двојката од кралското семејство, пишуваат светските медиуми.
Фотографија со војводата и војвотката од Сасекс беше истакната над голема маса во едно од фоајеата на палатата. Портретот на војводата и војвотката од Кембриџ и нивните деца, последен пат бил забележан на Божиќ. Но како знак дека Меган и Хари се „бришат“ од кралската историја, сликата оттогаш, наводно исчезнала.