Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, на која уште беа истакнати добрите односи што ги поврзуваат двете земји.

Министерката и амбасадорот го поддржуваат и потпишаниот меморандум за соработка од областа на трудот и социјалната политика, кој е потпишан меѓу надлежните министерства од двете земји во 2016 година, кој, меѓу другото, вклучува размена на искуства од областа на трудот и трудовото законодавство, активни мерки и политики за вработување, со посебен акцент на вработување на младите, законодавството во сферата на социјалната заштита, социјалната сигурност и социјалното осигурување, социјалната поддршка на лицата со попреченост, економското јакнење на женитe.