Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од скопската општина Аеродром беше дел од проектот на „Еразмус+“ посветен на екологијата што се одржа во Рига, Летонија, во периодот од 19 до 25 јануари.
На првата средба во училиштето партнер во Рига присуствуваа координаторката на проектот, наставничката Ана Петровска, наставничките Марија Тодоровска и Теодора Ингилизовска, како и директорот на училиштето Марјан Јовановски.
Учесниците учествуваа во работилница за рециклирање хартија, разменуваа идеи и предлог-мерки за спречување на уништувањето на животната средина, а разменуваа и искуства од образовниот систем и начинот на работа во своите земји.