Кејт Мери Брнс

Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, денеска во земјава се сретна со осумте независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Таа на својот Твитер профил соопшти дека имале продуктивна средба со пратениците за важноста на поддршката на континуираните реформи, вклучително и законот за Јавно обвинителство кој, како што наведува, „ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење“, напиша Брнс на Твитер.

 

 

Помеѓу власта и опозицијата подолго време има несогласувањ во однос на донесувањето на Законот за јавното обвинитество. Законот е на дневен ред на 108. седница во Собранието, а за предлогот беа доставени десетици амандмани, од кои дел беа усогласени.

Минатата недела на брифинг претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека има најави за нов предлог закон, но посочи дека Собранието не работи по најави, туку по конкретен предлог и дека јавноста ќе биде информирана доколку добие конкретен предлог.

– Процедурално или може да се продолжи седницата 108. по таа точка или да се оди со нов текст на закон. Во редовна постапка не може да се стигнат процедурите за да се донесе нов текст на закон, во скратена постапка да, може. По претпоставка ако е усогласен текстот од сите политички партии тоа значи дека сите се согласни да обезбедат соодветно мнозинство кое што е потребно, т.е. двотретинско мнозинство, минимум 80 гласа „за“ – вели Џафери.