Руските железници целосно го прекинаа патничкиот сообраќај кон Кина, како резултат на епидемијата на коронавирусот, јави „ТАСС“.
За да се спречи можното ширење на вирусот во Русија, руските железници го прекинаа патничкиот сообраќај во Москва, вклучувајќи ја и линијата Пекинг – Москва.
– Возот што сообраќа од Москва до Пекинг, кој замина од Москва на 1 февруари, ќе го заврши своето патување – соопштија руските железници.
Воздушниот сообраќај меѓу Русија и Кина, исто така, е суспендиран од 1 февруари.