Паркирањето е во три зони - А, Б и Ц

Кавадарци

Надлежната служба на општината, со претставници од јавното претпријатие „Паркинг“ – Кавадарци, деновиве во централното градско подрачје поставува информативни табли за зонското паркирање. Изведувач на работите е фирмата „Вијадукт“ од Гостивар, која треба да постави 160 сообраќајни знаци, со информации за граѓаните и за возачите поврзани со зонското паркирање.

– Да потсетиме дека со одлука на советот, општината воведува систем на платено зонско паркирање во централното градско јадро. Паркирањето ќе се врши во три зони – А, Б и Ц.

Во зоната А еден час паркирање ќе изнесува 30 денари, во зоната Б ќе се наплаќа 20 денари, додека еден час паркинг во зоната Ц ќе изнесува 10 денари -информираат од општината Кавадарци.
Системот за платено зонско паркирање ќе профункционира во текот на овој месец.