Јапонските власти издадоа налог за апсење на поранешен војник на американските специјални сили и двајца други под сомнение дека му помогнале на поранешниот директор на „Нисан“, Карлос Госн, да ја напушти Јапонија нелегално.
Налозите беа издадени и за Госн за нелегално напуштање на земјата, соопштија обвинителите.
Госн побегна во Либан кон крајот на минатата година, каде што го чека судење за финансиски малверзации, кршење на довербата и злоупотреба на фондовите, што тој го негира.
На Либан и на Јапонија им се потребни 40 дена да одлучат дали Госн ќе биде екстрадиран во Јапонија или ќе му се суди во Либан.
Двете земји немаат договори за екстрадиција и Либан обично не ги испорачува своите државјани.