ЕЦБ ги задржа референтните каматни стапки
Европската централна банка (ЕЦБ) ги потврди важечките рекордно ниски клучни каматни стапки во еврозоната и најави сеопфатна анализа на монетарната политика, издвојувајќи ги вработувањето, финансиската стабилност и одржливост на околината.
На првата годишна седница на управниот одбор на ЕЦБ беа потврдени сите три референтни каматни стапки, вклучувајќи ги и главната стапка за рефинансирање од нула отсто и негативната каматна стапка на банкарските депозити од 0,5 отсто. Потврдено е и спроведувањето на новата програма за купување обврзници што е во сила од први ноември, со месечен износ до 20 милијарди евра.
Гуедеш: Во светот ќе останат 5 до 6 валути
Во светот има над 100 признаени валути, но тој број би можел да се намали на пет или шест во текот на следните 20 години, изјави министерот за економија на Бразил, Пауло Гуедеш, на светскиот економски форум во Давос.
– Европските земји ја воведоа заедничката валута пред 20 години, со тоа создадоа можности жителите на Франција да патуваат во Германија без притоа да мораат да менуваат валути. Во иднина, тоа би можело да се случи и во други делови од светот, под услов политички и економски да се усогласат. Ако ги земеме предвид политичката и економската димензија, за 20 или 30 години би имале пет или шест валути – кажа Гуедеш.
Посочил дека во последните години американскиот долар се смета за безбедна валута, што значи дека неговата вредност расте во време на криза. Сепак, Гуедеш посочил дека во време на нестабилност на американскиот долар, тоа би можело да им наштети на тие земји.
– Развојот на заеднички валути во различни земји може да им помогне да ја намалат нивната зависност од американскиот долар – вели Гуедеш.