Младиот, 19-годишен Норвежанец Ерлинг Холанд на дебито за Борусија Дортмунд даде три гола на мечот на гости против Аугсбург (5-3) само за 20 минути. Холанд, кој во зимскиот преоден рок дојде од австриски Салцбург, влезе во игра во 56 минута, при резултат 3-1 за Аугсбург. Но само по три минути тој го постигна првиот гол, а потоа уште два, во 70 и 79 минута.
Холанд е вториот најмлад фудбалер што постигнува хет-трик во Бундес-лигата, по Пјер-Емерик Обамејанг, поранешниот напаѓач на Борусија, сега на Арсенал. На Обамејанг тоа му успеа во август 2013-та, на мечот против Аугсбург, исто така на гости, 4-0. Двајцата фудбалери на тие мечеви го носеа дресот во бројот 17!
Холанд, кој го постигна шестиот хет-трик сезонава, е само седмиот фудбалер во историјата на Бундес-лигата што постигнува три гола на деби-меч.
На Холанд му се својствени вакви деби-настапи. Во дресот на Салцбург во септември лани, на мечот против Генк (6-2), во Лигата на шампоните (ЛШ), тој даде четири гола.