Париз е дом на стотици илјади уметнички дела. Голем број музеи поседуваат слики од Франциско Гоја, Пол Сезан, Клод Моне… „Париз музеи“, јавна институција во која се вклучени 14-те музеи во градот, штотуку го олесни пристапот до овие маестрални дела. Тие на својата веб-страница поставија 321.117 уметнички дела, вклучувајќи слики, фотографии и монети. Повеќе од 150.000 од овие слики се во јавниот домен и корисниците може да ги преземат во неверојатна 300 ДПИ висока дефиниција. Другите уметнички дела може да се видат, но не се достапни со висока дефиниција.
– Ставајќи ги овие податоци на располагање, гарантираме дека нашите дигитални датотеки ќе бидат пристапни и повторно користени од секого, без некакви технички, правни или финансиски ограничувања, без оглед дали се за комерцијална употреба или не – се вели во соопштението на „Париз музеи“.
Корисниците може да го разгледуваат каталогот на музејот или да гледаат специјално курирани виртуелни изложби.
– Ние ги уверуваме корисниците дека тие можат лесно, трајно, слободно и веднаш да користат слики со висока дефиниција за да ги поддржат нивните истражувања, нивните предавања и нивните публикации, а со тоа да ги подобрат своите физички и дигитални алатки за медијација на културата – велат од институцијата.