Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека не направил ништо лошо, но смета дека има законско право да се помилува себеси доколку се докаже дека се мешал во истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година.
– Според бројни правници, јас имам апсолутно право да се помилувам себеси, но зошто тоа да го направам ако не сум направил ништо лошо?- објави Трамп на Твитер.
Неговиот адвокат Руди Џулијани изјави вчера дека Трамп можеби има право да се помилува, но дека не би било мудро тоа да го искористи. Џулијани во интервју за Ен-Би-Си рече дека такво нешто би било незамисливо и тоа веројатно веднаш би покренало процедура за отповикување на претседателот.