Музичкиот џин Боб Дилан (78) ќе добие својот долгометражен филм, а пејачот ќе го отелотвори младиот актер Тимоти Халамет (24), кој беше номиниран за „оскар“ за улогата во филмот „Скриена љубов“. Филмот во режија на Џејмс Манголд (56), со работен наслов „Гоинг електрик“ (Going Electric), ќе го следи Дилан во фазата кога пристигнува во Њујорк, на 19-годишна возраст.
Халамет наводно веќе интензивно зема часови по гитара, за да биде во што е можно во подобра свиречка форма на сетот, а сè уште не е познато дали ќе ги отпее песните на Дилан во филмот или ќе треба да се синхронизираат. Еден од извршните продуценти на филмот е самиот Боб Дилан.
Ова нема да биде прв филм за Боб Дилан. Уште во 2007 година е снимен филмот „Јас не сум таму“, при што Дилан го толкуваа шест актери, а Кејт Бланшет (50) освои „оскар“ за нејзината улога. Ова нема да биде ниту првиот биографски музички филм во режија на Џејмс Манголд. Тој го има режирано „Одејќи по работ“ (Walking the Edge), филм од 2005 година, посветен на Џони Кеш.