Поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави во Дубаи, а аеродромот „Дубаи интернешнл“, кој е еден од најпрометните во светот, ги откажа летовите.
Како што изјавија официјални лица, поплавени се пистите како и делови од терминалите во аеродромот.
На видеата објавени на социјалните мрежи може да се видат поплавени улици, блокирани патишта и гужва во сообраќајот.
Некои коментираат дека ова е најлошо невреме што го погодило Дубаи во последните 10 години.