Мајка и ќерка се убиени утрово околу осум часот по семејна расправија во куќа на улица Христо Узунов во Прилеп.
Воедно и две лица, според првичните информации од СВР Битола, се тешко повредени и се хоспитализирани.
Во убиените било пукано со пиштол од страна на сопругот на една од убиените, по што настанала тепачка со другиот дел од семејството.
Во тек е истрагата и подетални информации за убиството се најавуваат дополнително.
Ка.М.