Шеснаесетгодишно девојче од Охрид додека се враќало пеш кон својот дом, било следено од нејзиниот сограѓанин Н.Т., кој пред влезот од зградата во која живее почнал да ја допира по телото.
Како што соопшти МВР, кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот.
Случајот вчера во Секторот за внатрешни работи Охрид го пријавила мајката на девојчето. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.