Во грчката престолнина Атина синоќа почна годинешното издание на атинската геј-парада.
Настанот датира од 2005 година и оваа година ќе трае цела недела. Неговата кулминација ќе биде на 9 јуни со традиционалната колоритна поворка на улиците на Атина.
Минатата година, процесијата привлече 50.000 луѓе, многу повеќе отколку во 2005 година, кога се приклучија само 5.000 лица, пренесува БТА.
Овогодишното издание беше отворено минатата ноќ со обиколка на местата во Атина поврзани со грчките хомосексуални кругови. Геј парадата, исто така, ќе вклучува велосипедисти, семинари, улични прослави и емисии.
Од доаѓањето на власт на Владата на Алекис Ципрас во 2015 година, во Грција е постигнат значаен напредок во правата на хомосексуалците. Владата го одобри законот за воспоставување граѓанско партнерство на двојки од ист пол. Во октомври минатата година, транссексуалците добија право во документите да го внесат полот кој тие го избрале. Минатиот месец, Парламентот им дозволи родителски права на двојки од ист пол кои имаат граѓанско партерство.