Англискиот е, досега, најпопуларниот странски јазик што се изучува во Европската Унија. Според податоците на Еуростат, во 2017 година речиси 98 отсто од учениците од 11 до 16-годишна возраст го изучувале англискиот јазик. По англискиот јазик,следуваат францускиот (33,4 отсто), германскиот (23,3 отсто) и шпанскиот (16,9 отсто).
Сепак, во некои од земјите-членки често се изучувале и други странски јазици покрај англискиот. На пример, повеќе од 50 проценти учеле француски во основното образование во Ирска, Италија, Кипар, Холандија, Португалија и во Романија. Германскиот јазик го изучувале повеќе од половина од учениците во Данска и во Полска, додека шпанскиот јазик го одбрале нешто повеќе од половина од учениците на ова ниво на образование во Франција.
Низ земјите-членки речиси сите ученици во основно образование изучувале два или повеќе странски јазици.