Актерката Силвија Стојановска попладнево беше приведена во Кривичниот суд, во врска со заплена на огромна количина на дрога. Таа доби куќен притвор и заедно со уште едно лице е осомничени за трговија со дрога. Стојановска беше приведена на распит во рамки на истрата на ОЈО за организиран криминал и корупција.
Судијата на претходна постапка, Ненад Савески, доцна вечерва ѝ определи 30 дневен куќен притвор на актерката, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Актерката не даде одговор ниту на прашањето дали е уапсена на граница и дали знаела дека Обвинителството води истрага против неа