Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во текот на ноќта објави дека постигнат е договор за јаглеродна неутралност до 2050 година, но без Полска која не сакала да преземе ваква обврска.
– Европскиот совет постигна договор за климатска неутралност до 2050 година“, објави Мишел синоќа на Твитер.
Полска, која е многу зависна од јагленот, засега не сака да ја преземе ваквата обврска, но не го блокираше носењето на заклучоците, соопштија европски извори.
Мишел го пофали, како што рече, многу силниот сигнал што Европа го испратила ден по претседвањето на Европскиот зелен пакт. Широките упатства до Европската комисија, треба да ја направат Европа првиот климатски неутрален континент.
Овој договор е исклучително важен и Европа мора да покаже силна амбиција, истакна Мишел, додавајќи дека постигнатата спогодба по десет часа дискусија има предвид дека за една земја-членка ќе треба малку повеќе време за да ја исполни посакуваната цел. Се работи за Полска, чија состојба европските лидери ќе ја утврдуваат во јуни следната година.
– Оваа цел е обврзувачка за сите земји членки на ЕУ. Сепак, само една земја, Полска, засега не сака да се обврзе за постигнување на целта на национално ниво – рече извор од канцеларијата на францускиот претседател, Емануел Макрон.
Лидерите на 27 земји на ЕУ синоќа дадоа едногласна поддршка за воведување даноци на странските производи на европската граница, доколку земјите извозници ги немаат поставено истите климатски стандарди кои ќе важат и за европските компании, соопшти Елисејската палата.
Климатската неутралност подразбира емисиите на штетни гасови да бидат сведени на нула до 2050 година. Во документот постои израз „праведен и социјалнно балансиран премин“ и се додава дека ЕИБ ќе деблокира една милјарда евра за зелени инвестиции до 2030 година, како и за потреба од гарантирање енергетска безбедност и конкурентност.