Денеска, во 13 часот, во Археолошкиот музеј, ќе биде отворена изложбата „Статусни симболи кај пајонските заедници“. Оваа изложба претставува една перспектива на приказ на пет богати женски погребувања од некрополите Лисичин Дол и Милци, кои по своите специфични карактеристики се издвојуваат од преостанатите погребувања во населбата, каде што во изворна состојба, добро зачувани, среќаваме нови типови религиозни комплети од групата на т.н „македонски пајонски бронзи“.
Самата појава на предмети од типот „македонски пајонски бронзи“ ги издвојува од својот статус што го имале во заедницата. Сите овие елементи проткаени низ изложбата „Статусни симболи кај пајонските заедници“ поттикнуваат нови размислувања, но отвораат и нови прашања за карактерот и животот на пајонските заедници од железното време.