Металург по 14 кола освои 38 бода, со 12 победи и две ремија. По паузата за Европското првенство, остануваат уште четири кола, по што четирите првопласирани од Суперлигата, заедно со Вардар и со Еурофарм, ќе играат за титулата

Со победата над Работнички со 51-23 во мечот од 14. коло од машката Суперлига, ракометарите на Металург ја потврдија првата позиција на табелата во домашното првенство, па репрезентативната пауза за Европското првенство во јануари 2020 година ќе ја презимат како есенски прваци. Во 14-те одиграни кола, металурзите освоија 38 бода од 12-те победи и двете ремија, со Пролет и со Охрид.

Во 14-то коло, сигурни на домашен терен беа и ракометарите на Охрид, кои славеа лесна победа над Вардар Јуниор, со 33-18. Охриѓани зимата ќе ја поминат на втората позиција на табелата, со 37 бода. Тие претрпеа пораз во 1. коло на гости кај Пролет и одиграа нерешено во Автокоманда.

Сигурни на домашен терен беа и ракометарите на Пролет, кои славеа победа над Пелистер со 36-26, победа на гости за крај на есенскиот дел забележаа радовишани на гостувањето кај Металург 2, со 32-27, а Бутел славеше кај Струга, со 31-25.
Во пролетниот дел од сезоната за доигрување останаа уште четири кола, по кои на четирите најдобропласирани екипи на табелата ќе им се приклучат Вардар и Еурофарм во главната фаза од натпреварувањето, плејофот за титулата. Екипите што по 18 кола ќе се пласираат од петтата до 10-та позиција ќе играат за опстанок. 


РЕЗУЛТАТИ, 14. КОЛО
Пролет – Пелистер 36-26
Охрид- Вардар Ј. 33-18
Металург 2 – Радовиш 27-32
Металург – Работнички 51-23
Струга – Бутел 25-31
ТАБЕЛА
Металург 14 12 2 0 38
Охрид 14 12 1 1 37
Бутел 14 10 1 3 31
Пролет 14 9 2 3 29
Радовиш 14 7 1 6 22
Вардар Ј. 14 6 0 8 18
Пелистер 14 4 2 8 14
Металург 2 14 2 1 11 7
Работнички 14 1 1 12 4
Струга 14 1 1 12 4