Денеска на пладне во книжарницата „Матица ексклузив“, во центарот на Скопје, познатиот македонски писател Трајче Кацаров го потпишуваше својот најнов роман „Како станав Амадеус“.

Средбата со читателите беше насловена „Пладне со авторот“, а писателот на секој од читателите, кои посакаа да поседуваат негово дело му посвети внимание.

Инаку, ова е шеста негова книга (четири романи и две теоретски дела за театарот), што излегува во издание на „Силсонс“, „Панили“ и „Матица“.

Трајче Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Роден е во Штип на 14 септември 1959 година. Магистрирал на Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како драматург во народниот треатар во Штип. Од 1993 година е основач и уредник на списанието за уметност „Сум“. Освен за возрасни пишува и за деца. Добитиник е на бројни награди за своето творештво.

М.Т.