Следната фаза за продажба на влезници почнува во декември, информира Европската фудбалска унија (УЕФА), која покрај единечните билети за мечевите, понуди и девет пакет влезници за ексклузивно следење на натпреварите на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.
Во декември почнува продажбата на поединечни билети за земјите чии репрезентации се пласирале на Европското првенство во 2020 година преку квалификациите, а за тие што ќе се пласираат на континенталното првенство преку плејофот, во април в година.
Според информациите на интернет-страницата на Европската фудбалска унија, за ексклузивните пакет влезници се обезбедени врвни места за седење, персонализирана услуга од моментот кога гледачот ќе пристигне на стадионот до неговото заминување, исклучителен асортиман на кулинарски задоволства…
Со континенталното фудбалско првенство в година ќе се одбележат 60 години од одигрувањето на првото, во 1960 година. Шампионатот во 2020 година првпат ќе се игра во 12 града во 12 земји, и тоа Англија, Шкотска, Шпанија, Данска, Русија, Германија, Италија, Азербејџан, Унгарија, Романија, Холандија и Република Ирска.