Во Македонскиот народен театар, со почеток во 19.30 часот во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи Свечената академија по повод прославата на Денот на албанската азбука.
Денот на албанската азбука или „Битолскиот конгрес” го одбележува состанокот на десетици албански научници кои од 14. до 22 ноември 1908 година се состанале со цел создавање на албанската азбука. На „Битолскиот конгрес”, делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од целиот свет, донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик. Со тоа, 22-ри ноември останал како ден за помнење на албанскиот народ, познат како Ден на албанската азбука.
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, организираше серија настани по повод прославата на Денот на албанската азбука. Централната манифестација – Свечена академија, ќе се одржи во Македонскиот народен театар, со почеток во 19:30 часот на која ќе присуствува претседателот на Владата, претседателот на Собранието, министри, претставници од политичките партии, преставници на дипломатскиот кор, истакнати личности од општествениот и политички живот во Македонија.