Со средства од буџетот што ги одобри Владата ќе продолжи изградбата на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. Решение беше најдено на завчерашната седница, на која Владата даде согласност за преземање на обврските во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот.
– Најдено е решение за продолжување на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. Владата на РСМ на вчерашната седница даде согласност за преземање на обврските во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година на Министерството за образование и наука, да почне постапката за јавна набавка за склучување повеќегодишен договор за продолжување со изградба во вкупна вредност од 58.788.000,00 денари – информираат од општината Аеродром.
Надлежните сметаат дека сега, откако се надминати проблемите, конечно учениците ќе добијат нова училишна зграда.