Премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на годинашниот Самит во Солун. Претседателот на Владата ќе учествува на годинашниот Самит во Солун, кој под покровителство на претседателот на Грција, Прокопиус Павлопулос, ќе се одржи утре и задутре.
Премиерот на овој самит е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да земат учество на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток навечер на 14 ноември.
Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.