„Алкалоид“ АД Скопје континуирано вложува во поголемо пазарно учество на постојните и на нови пазари во странство. За таа цел, компанијата на 21.10.2019 година изврши дополнително вложување во „Алкалоид“ ДОО Белград, друштво што е 100 отсто сопственост на „Алкалоид“ АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог.
Станува збор за инвестиција вредна 1,8 милион евра наменета за проширување на производствените капацитети во погонот на „Алкалоид“ во Република Србија.
Со оваа инвестиција „Алкалоид“ АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари за поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.