Ефективното време на игра на фудбалски натпревар во голема мера варира во зависност од лигата и од клубот. Според ексклузивните податоци на „Инстат“ за 35 европски натпреварувања, сезонава најголем процент на ефективно време на игра е измерен во шведската највисока дивизија (во просек 59,7 насто од минутите на еден меч), објави Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија.

Меѓу петте најголеми домашни европски првенства (Германија, Шпанија, Франција, Италија, Англија), германската Бундес-лига со 57,1 отсто има најголемо ефективно време на игра, а шпанската лига има најниско со 53,3 проценти.
На ниво на клубови, рекорден процент беше измерен кај шведскиот клуб Сундсвал (63,2 проценти). АЗ Алкмар (62,9) и Хелсингборг (62,8) се меѓу првите три тима. Во другата крајност се три шпански екипи: Алкоркон (45,8), Хетафе (45,9) и Рајо Валјекано (46,2). Највисоки вредности за клубовите од најдобрите пет лиги имаа Баерн (62 насто), Лион (61,5) и ПСЖ (60,7), пишува ЦИЕС.


НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА ИГРА
ПРВЕНСТВА
Шведска 59,7
Холандија 59,5
Финска 57,7
Данска 57,4
Белорусија 57,3
Германија 57,1
Франција 56,7
Словенија 56,2
Хрватска 56,0

КЛУБОВИ
Сундсвал (Шведска) 63,2
АЗ (Холандија) 62,9
Хелсингборг (Шведска) 62,8
Норчепинг (Шведска) 62,1
Валвијк (Холандија) 62,0
Баерн (Германија) 62,0
Хонка (Финска) 62,0
податоците се за сезонава
Извор: ЦИЕС