Над 50.000 жители на северните предградија на Лос Анџелес се евакуирани заради пожарите што се шират низ цела Калифорнија.
Дополнителен проблем создаваат силните ветрови, што им ја тежнува работата на пожарникарите во гаснењето на огнената стихија. Британските медиуми пренесуваат дека пожарникарите го искористиле малото затишје во ветриштата за да можат да се справат со огнот.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава.
Огнената стихија зафати површина од 1.700 хектари земјиште, уништувајќи околу 50 градби, додека уште околу 15.000 други објекти се загрозени од огнот. Без струја останаа околу 200.000 домови и продавници.