Американскиот потпретседател Мајк Пенс во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за да го убеди да ја запре офанзивата над курдските борци во североисточна Сирија. Турските власти се изјаснија дека операцијата, сепак, ќе продолжи.
Офанзивата создаде нова хуманитарна криза во Сирија со 200.000 раселени лица.
Трамп го обвинуваат дека ги предал курдските борци, главните партнери на Вашингтон, во борбата за уништување на самопрогласениот калифат на Исламска држава во Сирија, со повлекување на трупите од границата, по што Анкара ја започна офанзивата на 9 октомври.
Тој својот потег го бранеше како „стратешки одличен“.