Пред влезот на гимназијата „Преродба“ во село Житоше, прилепско, вчера со нож било прободено 18-годишно момче.
Од МВР информираат дека до несреќата дошло кога во меѓусебна тепачка, Д.И. (19) од село Сазждево со нож го прободел Д.П. (18) од село Житоше.
Д.П. сам отишол во Клиничката болница Прилеп каде што му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Д.И. е приведен во полициското одделение Ропотово и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.