Припадници на шпанската поморска служба за спасување спасија 162 мигранти кои се обиделе да преминат опасна рута преку Медитеранот за да стигнат до Европа.
Спасувачите пресретнале четири чамци во кои се наоѓале вкупно 162 лица.
Секоја година, десетици илјади мигранти се обидуваат да стигнат до Шпанија и други европски земји.
Според податоците на Обединетите нации, оваа година 615 мигранти загинаа во Медитеранот.
Во првите четири месеци од оваа година, 11.439 луѓе стигнаа до европскиот брег. Од нив, 4.409 стигнаа во Шпанија.